03 декември 2024

„Не користи пиротехнички средства“, превентивна активност на ОВР Свети Николе

 Денеска (03.12.) полициски службеници од ОВР Свети Николе во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ за учениците од прва до четврта година одржаа едукативно предавање на тема – „Не користи пиротехнички средства“.

Преку наменски подготвена видео презентација полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконска употреба на петарди и други пиротехнички средства, како по личната безбедност така и по материјалните добра.
Исто така учениците беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства.