Денеска (02.12.2024) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачјето на Велес реализирана е сообраќајна едукативна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03, односно за важноста од почитувањето на прописите, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот.
Воедно на возачите им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со пораки за безбедно управување на возилата, за потребната опрема и за важноста на техничката исправност на возилата кои ги управуваат.