Денеска (02.12.) од страна на полициски службеници од ОВР Берово на локации во близина на Градскиот пазар во Пехчево беше реализирана превентивно-едукативна кампања под мотото - „Слави со срце“, примарно во насока на превенција од употреба на пиротехнички средства пред, за време, и по Новогодишните и Божиќни празници.
Превентиво - едукативната кампања е реализирана преку директна комуникација и делење на едукативни летоци за тоа дека е забрането користење на пиротехнички средства, за ризиците и можните последици кои можат да настанат по здравјето на човекот и материјалните добра при нивна употреба.