02 декември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници при СВР Битола во соработка со РСБСП денеска (02.12.) спроведоа сообраќајна превентивно-едукативна активност под мотото - „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на Битола  односно во централното градско подрачје . Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им се делеше и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.


Покрај ова, денеска и вчера во Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Прилеп и Ресен се реализираа бројни активности во насока на побезбеден сообраќај под мото -„Стави појас„; „Алкохол и волан -најлоша комбинација“.
Од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во средното општинско училиште „Таки Даскалот“ во соработка со здружението „Сумнал“ беше одржана едукативна работилница на тема - „Не за малолетнички бракови“. Во тек на едукативната работилница учениците преку видео презентација беа запознати со темата, им беа појаснети поимот малолетнички брак како и начинот за заштита од прерано влегување во брак. Во рамки на работилниците на учениците им беа презентирани и објаснети исто така и начините на препознавање и заштита и од меѓуврсничко насилство и превенција од насилство на социјалните мрежи, а се со цел зголемување на безбедноста и намалување на насилството помеѓу учениците.