29 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

 

Вчера (28.11.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Драчево и од Полициското одделение Шуто Оризари реализираше две едукативни работилници во основните општински училишта „Алија Авдовиќ“ (село Љубош) и „Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари). Работилниците на кои што присуствуваа ученици членови на Клубовите за превенција при овие училишта, беа посветени на темите околу превенција од насилство - меѓуврсничко насилство и сајбер насилство (насилство на социјалните мрежи), како и превенција од насилство на спортски натпревари.

Исто така вчера, во Собранието на град Скопје, претставници на Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од областа на малолетничката деликвенција, реализираа работна средба со директорите и со претставници на стручните служби од средните училишта во градот, како и со претставници од Сектор за образование на Град Скопје, и со претставници на невладиниот сектор кои работат на полето на превенција на меѓуврсничко насилство. Целта на средбата беше посветена на реализацијата на превентивни активности кои произлегуваат од проектот – „За безбеден град“ - и активирање на Тимовите за безбедност во средните училишта , како и организирање на трибини и дебати со средношколци, со наставниот кадар и родителите на темите околу врсничкото насилство и проблеите со зависностите.