28 ноември 2024

„Не користи пиротехнички средства”, превентивни активности на ОВР Свети Николе

 

Денеска (28.11.) од страна на полициски службеници при ОВР Свети Николе и претставници од Црвен крст на општината Свети Николе, во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ за учениците од шесто до деветто одделение беше одржана едукативна работилница на тема „Не користи пиротехнички средства”.

Преку наменски подготвена видео презентација полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Исто така, учениците беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат пиротехнички средства.