27 ноември 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје на 26.11.2024, во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Кисела Вода и Бит Пазар, во основните општински училишта „Кирил Пејчиновиќ“ (на подрачјето на Кисела Вода) и „7 Март“ (на подрачјето на Бит Пазар) реализираа три едукативни работилници.

Првата работилница во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ беше одржана со ученици-членови на Клубот за превенција при ова училиште, на теми околу превенција од насилство, односно меѓуврсничко насилство како и за сајбер насилство (насилство преку социјалните мрежи). Двете други работилници, пак, во ОУ „7-ми Март“ беа одржани со ученици од деветто одделение а посветени на превенција од употреба на дроги и други психотропни супстанци и зависностите од нив а под мотото – „Кажи НЕ на дрогата, ДА за животот“.