26 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Битола за превенција од зависности и врсничко насилство

Вчера (25.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за превенција од детско престапништво на град Битола, спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство. 

Активноста беше спроведена со учениците од средното училиште  „Јосип Броз Тито“ од Битола. Притоа, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога, како и конзумацијата на алкохол. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат таквите појави.