Вчера (22.11.2024 ) од страна на помошникот командир за јавен ред и мир и превенција и инспектори од криминалистичка полиција при СВР Битола беше остварена средба со пензионерите во просториите на „Здружение на пензионери“ од Ресен. Целта на средбата беше да им се укаже на повозрасните граѓани како да се заштитат од кривичните дела „измама“ и „кражби", каде сторителите ги таргетираат пензионерите како целна група.
Исто така, полициски службеници од ОВР Крушево, вчера во централното подрачје на Крушево реализираа средби со граѓаните, на кои им беше укажувано како да се заштитат од кражби и измами, а им беше поделен и едукативен материјал.