22 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

На 20.11.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање во ООУ „Атанас Нивичински“ во с. Нова Маала, струмичко, на тема „врсничко насилство“. Присутните ученици, преку наменски подготвена презентација, беа запознаени со поимот врсничко насилство, со посебен акцент на сајбер насилството, а особено како истото да се препознае и превенира, со цел заштита на децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.