Денеска (21.11.2024) во Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово спроведоа превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“.
На граѓаните им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за правилно преминување на улицата, а со цел намалување на ризиците од сообраќајни несреќи. На возачите им беше укажано на потребата од почитување на прописите, особено на пропуштањето на пешаците, а им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.