21 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Куманово

 Вчера (20.11.2024) на градскиот плоштад во Куманово, по повод светскиот ден на детето, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на  детско престапништво организираа манифестација под мотото „Безбеден град, убав град“.

 
Децата од основните општински училишта од Куманово со своите ментори професори изготвуваа пораки, кои ги пренесоа до своите врсници и до граѓаните. Тие  имаа можност да се дружат со омилените ликови од цртаните филмови и заеднички да ги поделат подароците со пораки за безбедноста,  изработени заеднички со нивните ментори од училиштата.