Денеска (21.11.2024) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје и полициските службеници од ПСОН Драчево во просториите на ПСОН Драчево беше спроведена превентивно едукативна активност со дечињата од детската градинка ЈДГ „8 Март“ од Скопје. За време на активноста, дечињата имаа можност да се запознаат со полициската работа, како и со дел од опремата која се користи во секојдневното полициско постапување, пред се од областа на сообраќајната безбедност.