Вчера (20.11.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за превенција од детско престапништво на град Битола спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство. Активноста беше спроведена со учениците од средното техничко училиште ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов" од Битола . Учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат.