На 19.11.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица на повеќе локации во Струмица спроведоа превентивна активност преку која, во непосредна комуникација, граѓаните беа запознаени како да се заштитат од различни видови кривични дела. Акцент беше даден на повозрасната популација, особено за тоа како да се заштитат од измами и злоупотреба на лични податоци, но и како да пријават доколку се сомневаат дека одредени лица се обидуваат да извршат вакви кривични дела.