Денеска (19.11.) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток во соработка со ОВР Делчево, како и со ОВР Берово, со поддршка од стручните служби при основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица и подрачното општинско училиште „Ванчо Китанов“ во село Црник, беровско, за учениците од овие училишта спроведоа едукативно превентивни работилници.
Така, во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се реализираше работилница посветена на темата „Врсничко насилство помеѓу учениците“, при што преку разговори и дискусија со учениците од деветто одделение, децата беа запознаени и им беа појаснети начините како да се превенира, да се препознае и навремено да се пријави врсничкото насилство. Учениците преку разговор беа запознаени како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од него, како и на социјалните мрежи.
Во ОУ „Ванчо Китанов“, пак, беше одржана едукативна работилница на темата - „Трговија со луѓе“. Притоа, преку наменски подготвена видео презентација во врска со темата, како и преку разговори и дискусија, на учениците им беа појаснети начините како да се превенира оваа појава.