Денеска (15.11.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност со членови на здружението на пензионери „Солидарност“, на подрачјето на ПСОН Аеродром, посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на измамите врз постари лица и пензионери.
На граѓаните им беа посочени начините за препознавање и превенирање на ваквите појави, особено преку благовремена комуникација со полицијата, а воедно беа им беа поделени и информативни печатени материјали.