15 ноември 2024
Превентивна активност на ОВР Виница
Денеска (15.11.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Виница на учениците во ООУ „Кочо Рацин" во с.Блатец им беше одржано едукативно предавање на тема „меѓуврсничко насилство".
На предавањето учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување.