14 ноември 2024
Превентивни активности на СВР Куманово
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „11 Октомври“ во Куманово организираа предавање за превенција од булинг и последиците од употреба на наркотични средства, како и од конзумирање на алкохол и цигари. Предавањата се организирани од Отсекот за превенција при СВР Куманово и ќе продолжат и во наредниот период во другите училишта.