Денеска (14.11.) од страна на полициски службеници од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај Неготино и Кавадарци, на подрачје на Неготино и Кавадарци реализирана е превентивна активност „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Превентивно-информативната активност се состоеше во едуцирање на граѓаните, пред се возачите за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15-ти ноември до 15-ти март, како и начините за употребата на опремата, во зависност од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби, во кои секако влегува и санкционирањето на непочитувањето на истите. При превентивната активност беа поделени и летоци со едукативна содржина изработени од РСБСП.
Исто така, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачјето на Кавадарци спроведена е и превентивна активност на тема „Превенција од родово базирано насилство“ и „Има помош за живот без насилство“ во која на припадничките од женски пол им беше објаснета постапката за остварување на нивните права и достапност на услугите, помош, заштита и привремен престој, а поделени се и летоци со едукативна содржина од оваа област.