12 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Велес


Од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (12.11.) на подрачјето општина Кавадарци реализирана е сообраќајно превентивна акција под мотото – „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Со активноста, што инаку се спроведува секоја година во овој временски период, целта е на возачите да им се укаже за законските обврски согласно почетокот на зимската сезона. Притоа, на возачите им беа поделени едукативни летоци за безбедно управување на возилата, во насока на благовремено информирање на возачите за законските обврски кои треба да ги почитуваат прилагодувајќи ги своите возила согласно законските норми.