12 ноември 2024

Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“, превентивна активност на СВР Охрид

Денеска (12.11.), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со претставници од Црвениот крст Охрид, во основното училиште „Братство - единство“ во Охрид, одржаа едукативни предавања на темата „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“. 

Притоа, на учениците им беше укажано на штетноста од зависностите со акцент на злоупотребата на дрогата и негативното влијание кое го има врз развојот, пред се на младата личност. На учениците им беше поделен и едукативен материјал.