12 ноември 2024

Децата од детската градинка „Виножито“ во посета на СВР Струмица

 

Денеска (12.11.) Секторот за внатрешни работи Струмица го посетија деца од детската градинка „Виножито“ од Струмица. На децата од страна на полициски службеници им беа презентирани работните простории, дел од опремата и возилата кои ги користи полицијата.
Преку едукативно предавање, децата беа запознаени со важноста на професијата полицаец, како таа се остварува, кое е нејзиното значење за безбедноста на луѓето, како и за сообраќајните правила и прописи. Им беше поделен и едукативен материјал обезбеден од РСБСП.