12 ноември 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (12.11.), реализираше две едукативни работилници во Средното училиште „Владо Тасевски“ со ученици од втора година, на тема „Превенција од врсничко насилство“.

Основната цел на едукативните работилници е детектирање, препознавање и превенирање на насилството - физичко, психолошко, меѓуврсничко, потоа насилство на социјалните мрежи, како и насилството и недостојното однесување на спортски натпревари. Исто така, учениците беа запознаени и со законските норми што го санкционираат ова социо-девијантно поведение.