Денеска (11.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид со учениците во oсновното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Охрид, одржаа едукативни предавања на тема „Булинг и сајбер булинг“.
Учениците низ призмата на полициското искуство и сознанија за „булингот“ и „сајбер булингот“ имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај децата, за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините за благовремено превенирање на ова негативно поведение и спречување на штетните последици од истото. Вакви и слични едукативни кампањи во наредниот период, ќе се спроведуваат на целото подрачје што го покрива СВР Охрид.