11 ноември 2024

„Слави со срце, не со оружје“, превентивна активност на СВР Битола

 Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.11.) реализирашe  превентивни активности под мотото - „Слави со срце, не со оружје“. 

Притоа, во централното подрачје на Крушево, полициски службеници со месното население разговараа околу опасностите од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје, а исто така, им беше укажано и на опасностите кои произлегуваат од користењето на пиротехнички средства. 
Исто така, за таа цел полициските службеници од ОВР Крушево  при СВР Битола ги посетија и местата, односно локациите каде има поголеми собирања и разговараа со граѓаните, а беа поделени и летоци со едукативна содржина. Во централното градско подрачје на Битола, пак, полициските службеници од СВР Битола вчера и денеска продолжуваат со реализирањето на превентивни активности за побезбеден сообраќај.