Денеска (08.11.) од странa на полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Берово во централното градско подрачје на Берово беше спроведенa превентивна активност под мотото „Стави појас“.
Од страна на полициските службеници, граѓаните, пред се возачите и сопатниците, беа информирани за потребата од користење на сигурносни појаси, за обврската која се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта, без разлика дали се движат во населено или надвор од населено место.
На граѓаните, полициските службеници им делеа и печатени информативни материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со едукативни содржини околу користењето на сигурносните појаси.