Денеска (08.11.) од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, на повеќе локации во централното градско подрачје на Велес, беше спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на Министерството за внатрешни работи– „Градиме пријателство-Создаваме безбедност“, а тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.
Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби и комуникација со граѓаните, при што во текот разговорите со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа како тие да се заштитат, односно што да превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.