08 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола денеска (08.11) во општинското основно училиште „Кочо Рацин“ во село Ивањевци, општина Могила, како и во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола реализираа едукативни работилници за учениците и студентите на темите - „Превенција од меѓуврсничко насилство“, и „Кажи не на дрогата“.

Исто така, Отсекот за превенција при СВР Битола и Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола реализираа превентивна едукативна работилница со учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Могила. Едукативната работилница беше наменета за учениците членови на училишниот Клуб за превенција на темите – „Превенција од насилство и од недостојно однесување на спортски натпревари“ како и „Безбедно во сообраќајот“.
Основна цел на едукативните работилници е информирање, детектирање и благовремено препознавање на различните ризици од областа на безбедноста и нивна превенција преку подигнување на свеста и безбедносната култура.