07 ноември 2024

Превентивни активности на ОВР Берово

Денеска (07.11.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Берово беше  спроведено едукативно предавање на тема „Правила за малите пешаци“ а наменето за учениците од второ, трето и четврто одделение при општинското основно училиште „Нилола Петров Русински“ во село Русиново, беровско. 

Од страна на полициските службеници преку наменски подготвена презентација учениците беа запознаени со сообраќајните правила и прописи, со сообраќајните знаци, потоа со тоа што е коловозот, а што е пешачкиот премин и тротоар со  акцент на последиците и опасностите што ги носи непочитувањето на сообраќајните правила.