На 06.11.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица спроведоа едукативно предавање на тема „Врсничко насилство“ на учениците од прва и трета година во средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица. Учениците биле запознаени со поимот врсничко насилство, формите во кои се манифестира со посебен акцент на сајбер насилството, како и за последиците што со себе ги носи ваквото негативно поведение. Покрај ова, во рамки на работилницата, преку непосреден разговор со присутните ученици бил даден посебен акцент на тоа како да се препознае врсничкото насилство и како благовремено да се превенира, со цел заштита на децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.