06 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Охрид

Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со ОВР Струга, денеска (06.11.)  во кругот на компанијата „Магна“ во индустриската зона во Струга,  учествуваше во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода. Целта на показната вежба беше координација на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи. 

Показната вежба, воедно значеше и можност за проверка на оперативните планови на компанијата и другите надлежни служби, како и утврдување на потребите и дополнувањата заради поефикасна примена на предвидените безбедносни протоколи. Во реализација на показната вежба, учествуваа и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалните против пожарни единици од Охрид и Струга, како и Здравствен дом Струга и Црвениот крст.