04 ноември 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска (04.11) и во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Битола и Крушево реализираа сообраќајно превентивни и едукативни активности под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“, „Паркирај совесно-паркирај одговорно“и „Стаби појас".

Преку превентивните активности, полициски службници од оваа организациона единица на возачите но и на сопатниците им укажуваа на основните нормативни принципи во поглед на употребата на мобилни телефони при возење и околу задолжителното користење на сигурносните појаси од аспект на личната безбедност но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Исто така, на возачите на непрописно паркираните возила им се укажуваше за поголема сообраќајна култура и почитување на сообраќајните правила при паркирање на возилата. Воедно на граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали. Основната цел на активноста беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи согласно позитивната законска регулатива.