04 ноември 2024

Превентивна активност на СВР Скопје

 
Вчера (03.11.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патриштата реализираше сообраќајно превентивни и едукативни активности под мотото – „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи појас“.
Превентивните активности се реализираа на подрачје на Полициското одделение Сарај во близина на Наплатна рампа Глумово, каде што заедно со полициски службници од оваа организациона единица на возачите но и на сопатниците им беа укажувани основните нормативни принципи во поглед на употребата на мобилни телефони при возење и околу задолжителното користење на сигурносните појаси од аспект на личната безбедност но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Воедно на граѓаните им беа делени и едукативни печатени материја. Основната цел на активноста беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи согласно позитивната законска регулатива.