Отсекот за превенција при СВР Штип денеска (01.11.) во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, реализираа превентивна активност во рамки на кампањата – „Заштити се од џебни кражби“.
Притоа, на повеќе локации околу градскиот пазар во Штип полициски службеници во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со оние од повозрасните категории, им укажуваа за ризиците од овој вид имотни деликти, но и од другите форми на вакви кривични дела како измами, разбојништва, кражби.
Исто така, на граѓаните им беа посочени начините за препознавање и брзо превенирање на ваквите појави, особено преку благовремена комуникација со полицијата, а воедно беа делени и информативни печатени материјали во насока на едукација на граѓаните.