31 октомври 2024

Превентивна активност на ОВР Берово

 Денеска (31.10.)  од страна на полициски службеници од ОВР Берово беше спроведена превентивна активност на тема „Бесправна сеча“. Активностите беа реализирани на две локации на подрачјето на ОВР Берово, односно во месностите викани „Преведена“ и „Суви Лаки“.

Притоа, во разговор со месното население што гравитира кон овие подрачја полициските службеници укажуваа на законските последици од бесправната сеча на дрва, пред се на огревното дрво, како и за потенцијалните опасности од предизвикување пожари при таквите активности. Исто така, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, со посебен акцент од последиците од ваквите  кривични дела и предвидените санкции согласно законските одредби.