30 октомври 2024

Превентивна активност на ПС Виница за заштита од имотни деликти

Денеска (30.10.) на градскиот пазар во Виница, од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница беше спроведена превентивна активност за превенција и заштита од кривични дела, измами, разбојништва и кражби.

Посебен акцент беше ставен на превенцијата од џебни кражби и измами врз постарите лица и пензионерите, како најзагрозени категории по однос на ваквите кривични дела. 

Притоа, во непосредна  комуникација со граѓаните, од страна на полициските службеници им беше укажано како да се заштитат од разбојништвата, од кражбите, џебните кражби и од кражбите на дрзок начин, а воедно им беа поделени и печатени едукативни материјали со корисни совети за нивна заштита од таквите кривични дела.