Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска (29.10.) во соработка со Полициските станици од општа надлежност - Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош, како и Полициското одделение Мирковци, а согласно превентивниот проект „Безбедност во училиштата“ реализира низа едукативни работилници во училишта на подрачјето на надлежност на овие организациони единици при СВР Скопје.
Притоа, во Основните училишта „Кузман Јосифовски Питу“ (ПСОН Кисела Вода), „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Мирче Ацев“ (ПСОН Ѓорче Петров), како и во основните училишта на подрачјето на ПО Мирковци – „Кирил и Методиј“ (село Кучевиште), „Александар Урдаревски“ (село Сандево) и „Михаил Рамено“ (село Горно Блаце) едукативните работилници беа одржани со ученици членови на веќе формираните училишни Клубови за превенција при овие основни училишта на теми поврзани со детските права и обврски. Додека пак во ОУ „Петар Поп Арсов“ (ПСОН Карпош) беа спроведени три едукативна работилница на учениците од трето одделение а на тема - Превенција од зависности“.