Денеска (29.10.2024) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на Кавадарци беше спроведена превентивна активност на тема „Превенција од родово базирано насилство“ во која на граѓаните, особено жените, им беше укажано како да се заштитат од ваков вид на насилство, но и која е постапката да добијат помош доколку се жртва на насилство. На присутните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.