Денеска (29.10.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово одржаа едукативна работилница на тема безбедност во сообраќајот. На работилницата учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од основното општинско училиште „Толи Зордумис“ во Куманово. На учениците им беа претставени основните сообраќајни правила и прописи и потребата од нивно почитување, а со цел нивно безбедно учество во сообраќајот.
Исто така, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка одржаа едукативна работилница за ученици од деветто одделение на тема „трговија со луѓе“, на која им беше укажано како да се заштитат од ваквите кривични дела.