Денеска (28.10.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на ОВР Кавадарци беше спроведена сообраќајно едукативна активност „Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.
Целта на оваа активност е подигање на свеста кај возачите и укажување за можните последици од користењето на мобилните телефони за време на управувањето на возила. На возачите им беа делени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.