27 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Скопје

  Денеска (27.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во градскиот парк во Скопје реализираше превентивна активност за заштита од имотни деликти. На граѓаните во директна комуникација им беа делени корисни совети, како и едукативни летоци со цел заштита од тешки кражби од куќи и станови, разбојништва, насилства, измами, со акцент на заштита од тешки кражби од патнички моторни возила.