Вчера (24.10.) во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје беше одржана едукатива сообраќајна поука за граѓани кои сториле сообраќаен прекршок по основ на поминување надвор од прешачки премин и на црвено светло по чл 116/3 и чл 118/4 од ЗБСП.
Главна цел на овој вид на полициско работење е преку проактивен пристап на полицијата кон граѓаните да се подигне сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот за почитување на позитивната законска регулатива.