24 октомври 2024

Едукативни работилници на СВР Скопје

Денеска (24.10.) Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на Полициската станица од општа надлежност Карпош во Основното општинско училиште „Петар Поп Арсов“ реализираше три едукативни работилници со учениците од осмо одделение на тема „Превенција од зависности“.

Притоа, на учениците им беа појаснети сите апсекти на ова девијатно поведение чии што ризици можат да имаат крајно опасни последици по младите и од законски аспект како кривична проблематика, но и како директна закана по здравјето. Инаку, основна цел на едукативните работилници беше не само информирањето, туку и раното детектирање и  препознавање на таквите девијантни појави поврзани со зависностите меѓу младите, а во насока на превенирање, намалување и спречување  на ваквите појави.