23 октомври 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (23.10.2024) беше реализирана превентивна активност за заштита од имотни деликти, поконкретно за превенција на тешки кражби од моторни возила. Во соработка со ПС ОН Карпош и ИПА регион Скопје, активноста беше спроведена на подрачјето на ПС ОН Карпош, поточно на Средно Водно. Во директни средби и разговори со граѓаните им беше укажано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како торби, лаптопи, ранци, паричници и сл., а секако и препораката да ги заклучуваат своите возила. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.
Вчера (22.10.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПС ОН Аеродром во Основното училиште „Гоце Делчев“ - с.Долно Лисиче, ОУ „Гоце Делчев“ - с.Горно Лисиче и ОУ „Димитар Македонски“ - н.Аеродром формираше „Клуб за превенција“ и спроведе едукативна работилница на ученици од „Клубот за превенција“ на тема „Превенција од врсничко насилство“ согласно планот „Безбедност во училиштата“. Исто така, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ПС ОН „Кисела Вода“ во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во населба Кисела Вода формираше „Клуб за превенција“ и спроведе едукативна работилница на ученици од „Клубот за превенција“ на тема „Безбедност во училиштата“ согласно планот „Безбедност во училиштата“. Основна цел на едукативните работилници е превенција од сите видови насилства и подигнување на свеста и безбедносната култура.