На 22.10.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица одржаа едукативно предавање на тема „врсничко насилство“ за учениците од прва година од Средното општинско училиште „Никола Карев“ во Струмица. Учениците беа запознаени со формите во кои што се манифестира ваквата појава, со посебен акцент на сајбер насилството, како и за последиците што ги носи ваквото негативно поведение. Покрај ова, во рамки на работилниците, посебно внимание се посвети, преку непосреден разговор со децата, околу начините каде и како да се препознае насилството и кои се начините благовремено да се превенира и да се заштитат децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.