Денеска (18.10.) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со претставници од Црвен крст Кавадарци по повод 18 Октомври - Европскиот ден за борба против трговија со луѓе во просториите на Црвениот крст Кавадарци, беше спроведена превентивна активност, односно едукативна работилница со учениците од сите основни и средни училишта на подрачјето на Кавадарци, а на тема – „трговија со луѓе“.
Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани формите и начините на кои организираните групи ги вршат ваквите кривични дела и како децата да се заштитат себе си и најблиските за да не станат мета на овие криминални групи. При превентивната активност на учениците им беа поделени и летоци со едукативна содржина.