18 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Куманово

Вчера (17.10.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за детско престапништво, а по повод Европскиот ден на борба против трговија со луѓе, организираа ликовен општински натпревар за ученици од општините Куманово и Старо Нагоричане под мото - „Слободно, безбедно дете“.

По истиот повод и денеска (18.10.) во просториите на поранешен комитет во Куманово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за детско престапништво одржаа трибина за ученици од сите средни училишта во Куманово. На трибината на учениците им беа презентирани сите потенцијални опасностите по однос на трговијата со деца како и механизмите за рано препознавање и помош на децата кои се жртви на ова кривично дело.