18 октомври 2024

Превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (18.10.2024) по повод одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица заедно со претставници на Црвениот крст Струмица спроведоа превентивна активност на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица. Преку непосреден разговор и делење на летоци со едукативна содржина граѓаните беа запознаени со формите на трговија со луѓе, индикаторите за идентификација на жртви на трговија со луѓе, совети за заштита од ваков вид криминал, а се со цел подигање на свеста на граѓаните и превенција од истиот.