Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и од ОВР Делчево, денеска (14.10) во соработка со стручните служби во Општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Делчево, одржаа едукативна работилница на тема: „Превенција од врсничко и сајбернасилство“.
Преку разговори со учениците, децата беа запознаени и им беа појаснети начините како да се препознае и превенира навремено појавата на вербалното, физичкото и сајбер насилството. Исто така, учениците беа запознаени како да пријават говор на омраза и насилничко однесување во секојдневната комуникација во училиштето и надвор од него, како и идентичните такви појави на социјалните мрежи.